
Сабота е второлигашки ден. Возбудувањата во Втората лига Исток продолжуваат со трката за првото место меѓу Тиквеш и Брегалница. Двата тима денеска имаат релативно лесни задачи на домашен терен.
Брегалница го пречекува тимот на Росоман во Штип, а Тиквеш е домаќин на Каменица Саса. Очекувањата се – нови „тројки“ и за двата клуба. Но, фудбалот е непредвидлива игра.
Штипјани беа елиминирани од Беласица во Купот. Играчот за врска Наумче Бакрачески дека извлечени се поуки.
„И поразите се еден вид победа за тимот. Јас така го разбирам натпреварувањето. Играта се состои од исчекување, се до последните мигови не знаеме како на крајот ќе биде исходот. Така се случи на гостувањето во Прилеп да постигнеме гол за победа во последната секунда. Победуваме, но и губиме. Против Беласица во Купот на Македонија, пак, имавме многу шанси но малку среќа. Сепак, од тој натпревар извлекуваме многу поуки, затоа што во секој случај првенството е нашиот прв приоритет. Неуморно се подготвуваме за секој следен натпревар, максимално сме фокусирани на првенството и нашите цели и секако се надеваме на нови позитивни резултати“ – вели Наумче Бакрачески.
Во Втората лига Запад, Гостивар оди на гости кај Кадино. Ќе биде тоа тешко гостување за лидерот. Велешта исто така гостува, кај Вардар Форино и треба да потврди дека се наоѓа во добра форма. Скопје на домашен терен го пречекува Кораб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
