
Клубовите од Втора МФЛ – исток преку допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврдија дека на заеднички состанок на кои присуствувале претставници на сите десет клубови од Втора МФЛ – исток, донеле заклучок да ја почитуваат одлуката на Управниот одбор на ФФМ за регулирање на надоместокот за службени лица (котизација) за учество во натпреварувањето во сезоната 2019/2020.
Во дописот се наведува дека клубовите кои до овој момент немаат уплатено надоместок за службени лица (котизација) се обврзуваат да ја регулираат обврската најдоцна до понеделник, 5. август 2019. година.
Фудбалската федерација на Македонија преку Одборот за итност го разгледа барањето и одлучи да им одобри на клубовите од Втора МФЛ продолжување на рокот за уплата на надоместокот за службени лица (котизација) до 5. август 2019. година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
