
Во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) можно е да добиеме нов лидер по седмото коло, бидејќи актуелниот првопласиран тим Брегалница киксна на гостувањето кај ГФК Охрид. Сега сите погледи се свртени кон Струмица, каде што Беласица и Шкендија Арачиново ќе го одиграат својот натпревар.
Дербито на денот во градот крај езерото заврши без голови (0-0). Овој резултат не му одговара на ниту една екипа, бидејќи нивните конкуренти успеаја да освојат бодови.
Големо Коњари – Кожуф 1-0
Големо изненадување се случи во Коњари, каде што домашниот тим славеше со 1-0 и ги освои првите бодови оваа сезона. Со тоа, во ВМФЛ повеќе нема екипа со „нула“ на своето конто. Единствениот погодок на мечот всушност беше автогол на Дарко Стојанов во 31.минута.
Новаци – Преспа 3-0
Новаци ја оправда фаворитската улога и убедливо победи со 3-0. Головите за битолчани ги постигнаа Андреј Сиљаноски, Стефан Јовановски и Мартин Андоновски.
Скопје – Вардар Неготино 4-1
Скопје се приклучи кон врвот на табелата со висока победа на „Автокоманда“ против Вардар Неготино (4-1). Виктор Ангелов, Мердиан Рамадани, Горјан Цветков и Армир Иса беа стрелци за „пиратите“, единствениот гол за неготинци го даде Ристе Лембовски.
Слога Виница – Осогово 0-1
Осогово освои важни три бода на гостувањето кај Слога Виница.
Детонит Плачковица – Победа 3-1
Детонит Плачковица исто така се проби во горниот дел на табелата со триумфот против Победа (3-1). Сашо Дуков беше двоен стрелец, еднаш погоди Смилков Александар, додека за прилепчани голот го даде Филип Димоски.
Саса – Тетекс 3-3
Во Македонска Каменица, Саса и Тетекс одиграа голеада и мечот заврши со 3-3. Тони Мичкоски беше двоен стрелец за Саса, еднаш погоди Бојан Иванов, додека за Тетекс, стрелаа Азис Јамини, Меритон Салији и Петар Обадиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
