Ќе биде навистина „жешко“ на Западот. Почнува пролетниот дел од сезоната, а во него Силекс влегува како лидер и најголем кандидат за враќање во елитата. Кратовци денеска го пречекуваат реновираниот Гостивар на домашен терен, но се чини дека многу поинтересна ќе биде битката за втората позиција.
Воска и Вардар многу се засилија. Тимот на Раде Цицмиловиќ гостува кај Кадино, додека вардарци исто така се гости, но во Охрид.

„Мислам дека сме подготвени за стартот на првенството. Направивме многу силен тим за овој дел од првенството, но секако дека нема да ги потценуваме противниците. Почнувајќи од мечот со Кадино, на секој натпревар одиме на победа зошто сакаме да го продолжиме патот кон Првата лига“, вели искусниот напаѓач на Воска, Изаир Емини.
Тетекс слави 69 години од постоењето, а на домашен терен го пречекува Кораби. Беса исто така значително се засили и на пролетната премиера ќе го пречека тимот на Велешта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













