Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ја врати надежта за бараж откако ја победи Воска со 0-1 во Струга. Сега предноста на Воска е три бода, но охридскиот тим има и гостување кај новиот прволигаш Силекс.
Бенјамин Демир со голот во 63.минута му донесе триумф на Вардар. По корнерот од десната страна, Петковски ја врати топката во петерецот, а Демир со удар со глава ја затресе мрежата на Воска.
Кратовци се вратија во елитата откако го победија Тетекс со 2-0. Благоја Спиркоски и Антонио Каланоски беа стрелци на головите за тимот на Горазд Михајлов.
Кораб и Гостивар одиграа 0-1, a имаше дури осум гола на дуелот меѓу Охрид и Кадино (6-2). Беса и Велешта исто така беа многу ефикасни (8-1).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













