Вардар го совлада Силекс со 1-0 и остана во трката за второто место на табелата во Втората лига Запад кое носи бараж за пласман во елитата. Иван Николов го постигна победничкиот гол за „црвено-црните“ во деветтата минута, на асистенција на Бенјамин Демир.
Но, и Воска лесно ја победи Беса со 3-0 и ги задржа трите бода предност пред Вардар. Сега Вардар ќе чека Силекс да ја победи Воска во Кратово во последното коло, ако тимот на Бобан Грнчаров биде успешен на гостувањето кај Кораби.
Воска славеше со головите на Љупчо Трпески, Михајло Јакимоски и на Елмир Алији.
Тетекс и Кораби одиграа 3-3, а двоен стрелец беше Дамјан Масевски. Гостивар и Охрид одиграа без голови, а Кадино и Велешта ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













