Лидерот на табелата во Втората лига Запад, тимот на Силекс, ја оствари првата пролетна победа совладувајќи го Кораби со 3-0. Победата ја најави Бурхан Алији во 19. минута, а потоа стрелаа и Ѓорѓи Танушев и Антонио Каланоски.
Воска Спорт ремизираше без (1-1) на гости кај Тетекс, но и Вардар не победи (1-1) на гостувањето против Гостивар.
Вардар поведе со голот на Ненад Мишковски во четвртата минута, но израмни Стојанчо Велинов во 34. минута.
Во Тетово, Дамјан Масевски донесе водство за Тетекс, а Воска израмни само три минути подоцна преку Изаир Емини.
Охрид со пресврт ја совлада Велешта со 2-1. Гостите поведоа преку Шпенд Асани во првиот дел, но охриѓани возвратија со головите на Сашо Шопоски и на Мартин Нически.
Беса беше убедлива на гости кај Кадино и славеше со 0-5. Стрелци беа Димитар Иванов, Аљбин Рамадани, Љутви Билали, Малиќ Белули и Рихан Зеќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













