Разочарувачко дерби без голови во првото пролетно коло од Втората лига – Запад одиграа Струга Трим Лум и Лабуништа на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Во 15. коло од второлигашкото натпреварување, Пелистер славеше против Велазерими со 2-1 со погодоците на браќата Љамчевски. Петар Љамчевски стрелаше во 18. минута за водство од 1-0, а Благоја Љамчевски погоди во 82. минута за 2-0. Шерам Реџепи во 89. минута само постигна почесен гол за гостите.
Тетекс го доби полошкото дерби славејќи со 2-1 против Гостивар. Домашните поведоа со автоголот на Адмир Демири во 16. минута. За Гостивар израмни Башким Љама во 40. минута а победата на Тетекс ја донесе засилувањето од Работнички, Филип Петковски со голот во 57. минута.
Скопје одигра 1-1 на гостувањето против Генч Калемлер во Гостивар . Скопјани поведоа со погодокот на Марио Настевски во 87. минута, а израмни Малиќ Белули во 90. минута од пенал.
РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО
Пелистер – Велазерими 2-1
Тетекс – Гостивар 2-1
Струга ТЛ – Лабуништа 0-0
Генч Калемлер – Скопје 1-1
УТРЕ (14 ч.)
Гоблен – Кораби
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













