Скопје е нов прволигаш откако со триумфот над Охрид од 2-0 и официјално ја освои шампионската титула во Втората лига Запад. Христијан Кировски во 29. минута погоди за водство на тимот на Љупчо Марковски, а Иво Јанакиевски во 64. минута зголеми на 2-0. Охриѓани во вториот дел играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Дарко Цветаноски во 55. минута.
Велешта загуби од Гостивар со 0-1, па и понатаму ќе биде интересно ви битката за баражот. Гостиварци славеа со голот на Џемаил Есати во 94. минута.
Велазерими ја совлада Дрита со 2-1, а Кадино беше убедливо против Кораб и славеше со 3-0, со головите на Кристијан Ивановски, Никола Димовски и Давид Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













