Силекс го доби дербито на „тешкашите“ во Втората лига Запад совладувајќи го Вардар со 1-2 на комплексот на ФФМ. Благоја Спиркоски со гол во 90.минута ја расипа забавата на вардарци. „Комити“ направија прекрасна атмосфера со кореографија и со пиротехнички средства, но на крајот „црвено-црните“ останаа без бодови.
Арсим Љамалари во 20.минута гонесе предност за тимот на Горазд Михајлов, но израмни Филип Петров седум минути подоцна. И кога се чинеше дека големата битка ќе заврши без победник, Благоја Спиркоски постигна победнички гол за Силекс.
Воска Спорт одигра 1-1 на гостувањето против Кораби во Дебар. Изаир Емини во 11.минута донесе предност за Воска, но Кораби израмни од пенал преку Фатјон Леши на почетокот на второто полувреме.
Гостивар и Велешта одиграа 1-1. Домаќинот поведе со голот на Љавдрим Скендери, а израмни Нијас Лена. Тетекс славеше против Беса со 2-1. За „текстилците“ погодија Михаило Митров и Дамјан Масевски. Малиќ Белули од пенал во 54.минута стрелаше за Беса.
Охрид Лихнидос со 3-1 го совлада Кадино. Ајрадин Цуцули од пенал, Албин Рамадани и Мурат Адили беа стрелци за домашниот тим. Единствениот гол за Кадино беше дело на Кристијан Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













