Најтрофејниот македонски клуб Вардар одигра само 1-1 на „Автокоманда“ против Беласица и не успеа да се врати на врвот на табелата. Сега лидер е Гостивар со 30 бода, еден повеќе од вардарци.
Вардар дојде во водство со голот на Кире Маркоски во 74.минута, но Петар Гугуљанов десет минути подоцна по асистенцијата на Милушев успеа да израмни.
Пелистер го декласира Тетекс, кој е „распад – систем“, и славеше со 11-0. Борче Маневски даде хет-трик, а по еднаш погодија Драгарски, Мустафов, Стефановски, Китановски, Наумовски, Фазлиу, Трајковски и Здравевски.
Борец во Велес загуби од Каменица Саса со 0-3, а Детонит Плачковица на домашен терен ја победи Беса со 3-0. Караорман и Локомотива Пехчево ремизираа, 1-1.
Кожуф ја совлада Слога Виница со 2-0. Кочев и Кудијан беа стрелци за тимот од Гевгелија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













