Лидерот на табелата во Втората лига, тимот на Вардар, сака да го задржи врвот, па затоа планот е да освои три бода и на денешниот дуел против Беса на „Автокоманда“. Овој меч ќе биде пренесуван и на регионалниот канал „Спортклуб“ од 14 часот.
Воска Спорт ќе има тешко гостување кај Беласица во Струмица, а Гостивар ќе биде гостин на Тетекс, кој на клупата за нов предводник го има Љупчо Димовски.
Пелистер на домашен терен ќе ја пречека Слога Виница, а во Гевгелија доаѓа Каменица Саса.
Во езерското дерби, ќе се пресметаат Охрид и Караорман, а Аресими на домашен терен ќе игра против Локомотива Пехчево.
Детонит Плачковица е фаворит против Борец, на чија клупа ќе дебитира Никола Коки Аврамовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













