Пелистер оствари убедлив триумф над Башкими (4-0) во 13. коло од Втората фудбалска лига. Бојан Спиркоски, Симеон Христов, Давид Јошевски и Дарко Размоски беа стрелци за „пелистерци“.
Сепак, второто место останува за Детонит Плачковица кој на домашен терен го совлада ГФК Охрид со 1-0. Стрелец на победничкиот гол на натпреварот беше Бабунски во 56. минута.
Новаци го победи Караорман на гости со 1-3, Кожуф славеше со 3-2 против Каменица Саса, а Вардар Неготино исто така минимално ја победи Беласица со 1-0. Арсими во снежни услови беше убедлив против Победа и славеше со 8-1.
Поради лоши временски услови одложени се натпреврите Беса – Тетекс и Скопје – Осогово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













