Пелистер успешно го стартуваше шампионатот во Втората лига откако ја совлада Беласица на гости со 0-2. Љамчевски од пенал во првото полувреме донесе водство, а Спиркоски со удар глава во вториот дел го потврди триумфот.
Беса исто така потврди дека е еден од фаворитите за висок пласман, победувајќи го Осогово на гости со 0-4.
Победа ја наполни мрежата на Тетекс триумфирајќи со 5-1.
Детонит го победи Вардар Неготино со 1-0, а Каменица Саса и Скопје ремизираа, 1-1.
Башкими го победи Охрид со 1-0, а Новаци трумфираше со 2-0 против Арсими. Кожуф го победи Караорман со 3-0. Стрелци на головите за гевгеличани беа Даниел Иванов, Бојан Иванов и Ќире Митков.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski