Македонија ЃП го победи ФК Скопје со 0-1 на „Автокоманда“ и ја презеде лидерската позиција во Втората фудбалска лига. Стрелец на голот за „лавовите“ беше Славков во 64.минута.
Ова откако Брегалница не успеа да слави на гости во Радовиш играјќи 1-1 против Детонит Плачковица. Давид Калпачки ја доведе Брегалница во водство, но во финишот од мечот израмни Оливер Христов со удар со глава.
Победа славеше со 1-2 против Вардар Неготино на неутрален терен, на СЦ „Пандев“ во Струмица. За прилепчани стрелци беа Дарио Спиркоски и Никола Талески.
Кожуф на домашен терен го победи Борец со 2-0. Александар Ѓорѓиески и Никола Сарески погидија за домаќинот во 15. и во 73. минута.
Новаци и Башкими ремизираа без голови, а Беласица со 0-1 славеше против Вардарски.
ГФК Охрид ја победи Каменица Саса на гости со 1-2, со головите на Албнор Каба и на Саше Дуков.
Арсими јго победи Осогово на гости со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













