Фудбалерите на Македонија ЃП ја совладаа Брегалница со 3-0 во дербито на 11.коло меѓу претендентите за влез во елитата. Дарко Размоски донесе водство за ѓорчепетровци во првото полувреме, а во вториот дел домаќинот го завери триумфот со уште два погодока. Стрелци беа Стоилов и Софијаноски.
Башкими ја оправда фаворитската улога против Осогово и славеше со 5-1, па сега со Македонија Ѓорче Петров го дели врвот. Меметриза Хамза и Хусеин Демири постигнаа по два гола, а и Аган Сулимани погоди за тимот на Башкими.
Победа триумфираше против Вардарски со 6-2, со пресврт во вториот дел откако гостите имаа 0-2 на стартот од мечот, a на паузата беше 2-2
Арсими го победи Детонит со 2-1, а Охрид ремизираше против ФК Скопје, 1-1. Албнор Каба го спаси Охрид од пораз со голот постигнат во 96.минута од мечот.
Вардар Неготино го победи Борец на гости со 1-2. Беласица и Кожуф одиграа без голови. Саса минимално го победи Новаци на гости со 0-1 и освои три важни бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













