Во Втората македонска фудбалска лига денеска од 17 часот се играат сите осум натпревари од 29. коло. Фокусот е на дербито во Гостивар, каде Арсими го пречекува лидерот Македонија ЃП. Ова е директен дуел за влез во Првата лига.
Ако Македонија ЃП победи денеска, „лавовите“ и математички ќе обезбедат директна промоција во Првата лига, поради тоа што имаат подобар меѓусебен скор со Арсими и Башкими, а ќе имаат и недостижна предност од најмалку 5 поени со само едно коло преостанато.
Но, ситуацијата е компликувана: Натпреварот Кожуф – Башкими од минатото коло сè уште не е регистриран од ФФМ поради наводни неправилности.
Брегалница можеби е сѐ уште во игра, во зависност од одлуките на Дисциплинската комисија на ФФМ, а денеска ја очекува гостување во Охрид.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 29.КОЛО (денеска, 17 часот)
Арсими – Македонија ЃП
Башкими – Детонит
Охрид – Брегалница
Вардарски – Вардар Неготино
Саса – Осогово
Новаци – Скопје
Победа – Кожуф
Беласица – Борец
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













