Најтрофејниот македонски клуб Вардар како лидер на табелата гостува кај Гостивар, тимот кој има прволигашки амбиции и спонзор кој сака да влезе во елитата. Ќе биде тоа жестока пресметка на теренот во Голема Речица. Не им е лесно на вардарци да играат по такви игралишта, но ќе мораат да издржат за камбек во Првата лига.
Воска Спорт има многу полесна задача со оглед дека на домашен терен го пречекува Тетекс, Пелистер исто така е голем фаворит на гостувањето во Велес против Борец.
Беласица оди на гости во Виница, а Детонит Плачковица е гостин на Караорман.
Натпреварите се играат во 14 часот.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
ГОСТИВАР – ВАРДАР
БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР
ВОСКА СПОРТ – ТЕТЕКС
КАРАОРМАН – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ОХРИД
КАМЕНИЦА САСА – АРСИМИ
БЕСА – КОЖУФ
СЛОГА ВИНИЦА – БЕЛАСИЦА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













