Connect with us

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Тиквеш загуби и од Кожуф на домашен терен

Тиквеш го доживеа и вториот едноподруго пораз пред своите навивачи во Втората лига – Исток. По претходниот пораз од Беласица, во 10. коло Тиквеш во Кавадарци загуби и од Кожуф со 0-1.

Стрелец на победничкиот гол за гевгеличани беше Ники Зумровски во 24. минута. И покрај бројните обиди на домашните да дојдат до израмнување не успеаја до крајот на дуелот.

Осогово конечно победи, славејќи со 1-3 на гостувањето против Питу Гули. Елвир Рамиќ, Тоше Манов и Драги Паунов беа стрелци на головите за Осогово, откако Питу Гули поведе со 1-0 преку Ѓорѓи Стрезовски уште во 6. минута од средбата.

Ненад Нешовски беше двоен стрелец за Каменица Саса во победата од 2-0 против Победа.

Натпреварот меѓу Кит Го и Беласица во Пехчево стартуваше со закаснување од половина час поради доцнење на судиската тројка која имаше сообраќајна незгода кај Кочани на доаѓање кон Пехчево, за среќа без посериозни последици.

РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО
Кит Го – Беласица 2-0 (во моментов се игра 70. минута)
Тиквеш – Кожуф 0-1
Питу Гули – Осогово 1-3
Каменица Саса – Победа 2-0
Брегалница – Плачковица (18 ч.)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови