Беласица е нов лидер во Втората лига – Исток, барем до вечерашниот дуел меѓу Брегалница и Кожуф во Штип, откако во драматичен дерби натпревар славеше со 1-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.
Струмичани поведоа со голот на Мартин Мирчевски во 16. минута од натпреварот, а израмни Марјан Ристовски од пенал во 82. минута. Победата на Беласица ја донесе Мирчевски со својот втор гол во 90. минута.
Драматична победа запиша и Кит Го од Пехчево против прилепска Победа. Победа поведе со голот на Давид Јошески во 43. минута од средбата, а израмни Оливер Христов во 89. минута. Триумфот на Кит Го го донесе Иле Синев во петтата минута од судиското продолжение по мешаницата пред голот на прилепчани, за сосема заслужена победа на Кит Го кој тотално доминираше на дуелот.
Со 0-1 на гостувањето против Питу Гули славеше Плачковица благодарение на голот на Андреј Кудијан во 62. минута.
Најубедливата победа ја запиша Каменица Саса која со 2-5 славеше на гостувањето против Осогово во Кочани.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (9. КОЛО)
Кит Го – Победа 2-1
Тиквеш – Беласица 1-2
Осогово – Каменица Саса 2-5
Питу Гули – Плачковица 0-1
Брегалница – Кожуф (18 ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













