
Фаворитите во Втората македонска фудбалска лига – Исток запишаа победи.
Слога Виница славеше во Кочани против Осогово со 0-1, со голот на Андреј Симевски во 59. минута.
Беласица го победи Пехчево со 3-0, а во дербито Победа триумфираше кај Каменица Саса со 1-2. Прилепчани поведоа преку Бојан Спирковски во првиот дел, а потоа истиот фудбалер погоди и за 0-2. Дарко Алексовски од пенал намали на 1-2.
Кожуф оствари триумф од 0-7 против Локомотива Градско, а гостински триумф запиша и екипата на Детонит Јуниор кај Братство во Житоше со 1-2. Стрелци на головите за Детонит беа Чичевски и Јанев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
