Connect with us

Втора лига Исток: Лидерот Слога го освојува Кочани, Победа домаќин на Кожуф

Лидерот на табелата во Втората лига Исток, тимот на Слога Виница, сака да се задржи на првата позиција, а за тоа ќе треба да оствари успех на гостувањето во Кочани против Осогово. По репрезентативната пауза, виничани се надеваат дека повторно ќе влезат во победнички елемент.

Триумф планира и второпласираната Победа која има амбиции да се искачи на врвот, а на домашен терен го пречекува Кожуф. Каменица Саса ќе гостува на Локомотива, а Беласица е домаќин на Братство.

Кит Го оди на гости кај Детонит, а тренерот Трајче Сенев очекува добра игра и позитивен резултат.

„Имаме успешна серија зад себе во кој можевме и до трите бода против Победа, но сето тоа е сега зад нас. Паузата поради настапите на репрезентациите ја искористивме максимално за дополнителна подготовка и освежување на тимот, па повторно мотивирани пристапуваме на натпреварот со Детонит јуниор. Целосно го респектираме противникот, цврст тим кој игра колективно во желбата за победа, но секако и ние имаме свои амбици“, истакнува Сенев.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови