Четири домашни победи во Втората лига Исток. Слога Виница со 1-0 го совлада Пехчево со гол во финишот, а Победа ремизираше против Кожуф, 1-1. Филип Димоски беше стрелец на водечкиот гол во 29.минута, но потоа Кожуф успеа да израмни.
Дарко Алексовски погоди во 24. минута и донесе минимален триумф на Каменица Саса (1-0) против Братство Житоше.
Беласица со 2-0 го доби локалното дерби против Детонит јуниор. Милушев со удар глава и Сулев беа стрелци за струмичани.
Осогово ја декласира Локомотива Градско со 6-0. Манов и Дојчинов постигна по два гола, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Хасан и Ќазимов.
Слога Виница е лидер со 42 бода, пред Победа и Беласица со 38 и Каменица Саса со 37 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













