На Истокот речиси се е познато. Останува последното коло да мине во славеничка атмосфера во Штип, каде Брегалница ќе го пречека најголемиот конкурент низ оваа сезона, составот на Тиквеш. Тимот на Марјан Секуловски беше подобар, значително побегна бодовно во трката за првото место и сосема заслужено обезбеди место во елитата. На Тиквеш му преостанува преку бараж да се обиде да се смести во прволигашкото друштво.
Денешниот дуел во Штип и нема преголемо резултатско значење, но сигурно и двете екипи ќе играат многу сериозно за престиж. Брегалница сака комплетниот шампионат да го заокружи без пораз, а Тиквеш сака да ги испроба силите и да држи ритам токму за баражот кој следува. Нема подобра проверка од меч против новиот прволигаш.
„Единствена екипа сме која нема пораз во трите наши лиги, и сигурно ќе го дадеме максимумот така да остане и по последното коло и денешниот дуел со Тиквеш“, најави напаѓачот Андреј Кудијан.
Кит Го гостува кај Слога Виница, Победа ќе биде домаќин на Кожуф, Плачковица ќе го пречека Осогово, а Каменица Саса ќе ги одмери силите со Росоман. Натпреварите стартуваат од 16 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













