Брегалница е голем фаворит на гостувањето против Росоман во 18. коло од Втората лига – Исток. По триумфот над Победа, еден од најдобрите фудбалери на Брегалница, Мартин Стојанов вели дека тимот мора да продолжи во победнички ритам.
„По добрите подготовки и победата во првото пролетно коло во Штип против прилепска Победа, сега не очекува гостување во Росоман, екипа која максимално ја респектираме. Јасно е дека не смее да има опуштање за ниту еден натпревар и пред било кој противник. Мора да продолжиме со тимска игра затоа што тоа е начинот и да се дојде до посакуваните победи преку кои и остварување на целите за влез во Првата лига“, вели Мартин Стојанов.
Тиквеш исто така очекува триумф на гостувањето кај Каменица Саса, Кит Го на домашен терен го пречекува Кожуф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













