Connect with us

Втора лига Исток: Беласица ја начека Слога Виница, Победа си го презеде врвот

Слога Виница доживеа убедлив пораз (3-0) од Беласица на гости во Струмица и во две кола ја загуби убавата предност што ја имаше на врвот на табелата. Победа Прилеп тоа знаеше да го искористи и со триумф (4-0) над Локомотива се израмни на врвот.

Александар Милушев го отвори резултатот во 19.минута, а пред одморот погоди уште еднаш за водство од 2-0. Во вториот дел, Беласица го комплетираше убедливиот триумф со голот на Васил Крстев во 73.минута.

Победа едно полувреме имаше проблеми против Локомотива, а потоа тргна канонада. Игор Момировски стрелаше во 47.минута, Бојан Спиркоски беше двоен стрелец, а погоди и Давид Јошески.

Каменица Саса оствари важен триумф (0-1) на гости против Кит Го. Стрелец на победничкиот гол беше Виктор Марковски во 43.минута од мечот.

Поради лоши временски услови одложени се натпреварите Кожуф – Братство и Детонит – Осогово. Тие се презакажани за 14. декември.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови