Брегалница и Македонија ЃП го напаѓаат врвот во Втората фудбалска лига, каде моментно е Аресими по вчерашниот триумф (3-0) против Вардарски. Денеска (14 часот) се играат останатите натпревари од седмото коло во второлигашката конкуренција.
Брегалница на домашен терен во Штип ќе има тежок предизвик на дуелот против Кожуф, додека Македонија ЃП е голем фаворит во пресметката против Осогово во Ѓорче Петров.
Интересен ќе биде и дуелот меѓу Беласица и Каменица Саса во Струмица, а Детонит Плачковица во Радовиш го пречекува Вардар Неготино.
Башкими, поради суспензијата на теренот, ќе биде домаќин во Гостовар и ќе се сретне со Победа.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 7.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – КОЖУФ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ОСОГОВО
ДЕТОНИТ – ВАРДАР НЕГОТИНО
БОРЕЦ – СКОПЈЕ
БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА
ОХРИД ЛИХНИДОС – НОВАЦИ
БАШКИМИ – ПОБЕДА
АРЕСИМИ – ВАРДАРСКИ 3-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













