Connect with us

Втора лига: Брегалница и Македонија ЃП со победи се искачија на врвот

Брегалница се врати на врвот на табелата во Втората фудбалска лига, откако на домашен тим го победи Кожуф со 1-0. Единствениот погодок го постигна Давид Стојков во 21. минута од мечот.

Македонија ЃП славеше против Осогово со 2-0. Ѓорѓи Стоилов во 14.минута го отвори резултатот, а Симеон Христов во потврди триумфот на „лавовите“.

Башкими ја пречека Победа во Гостивар со 3-1. Хамза Меметриза, Демири Хусеин и Саити Хебиб беа стрелци на головите за кумановскиот тим.


ГФК Охрид со 3-1 го совлада Новаци, а стрелци за охриѓани Ерен Парталко, Оливер Дишлиевски и Димитриј Попоски.

Скопје одигра 2-2 против Борец, а со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Беласица и Каменица Саса. Детонит Плачковица и Вардар Неготино одиграа 1-1.

Во првиот натпревар од колото, Арсими го победи Вардарски со 3-0.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови