Брегалница се искачи на лидерската позиција во Втората лига откако го совлада Борец на домашен терен со 4-0. Македонија ЃП го загуби врвот со оглед дека ремизираше без голови против Детонит Плачковица во Радовиш. Двоен стрелец беше Рејан Абази, еднаш од пенал, погоди и Димитриј Димитриевски во петтата минута, а уште во втората минута гостите од Велес си постигнаа автогол преку Кристијан Јордановски.

Киксот на „лавовите“ го искористи и Башкими кој со убедлива победа на гостувањето кај Вардарски (0-3) се израмни со ѓорчепетровци на табелата.
Кожуф и Аресими одиграа 1-1. Никола Најдовски погоди за Кожуф, додека Шефит Шефити беше стрелец за Аресими.
Вардар Неготино со 3-1 славеше против Новаци. Петар Најдов, Кирил Неделков и Мартин Младеновиќ беа стрелаа за домаќинот, а единствениот гол за Новаци го постигна Благој Стојчев.
Беласица на гости славеше против ФК Скопје со 0-2 со головите на Костадин Капсаров и на Кире Стојанов.
ГФК Охрид на гости го победи Осогово со 0-2, со головите на Оливер Дишлиевски и на Ерен Парталко.
Каменица Саса триумфираше против Победа со 4-1. Андреј Симевски беше двоен стрелец, а погодија и Дамјан Ќосески и Махир Ајрули. Единствениот гол за Победа го постигна Никола Талески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













