Беса го победи Башкими на гости со 0-3 и ја осигура есенската титула. Но, чекор држат и Детонит Плачковица и Пелистер. Фитон Адеми беше двоен стрелец, а погоди и Зани Назифи во триумфот на Беса.
„Пелистерци“ славеа на гости во Прилеп триумфирајќи против Победа со 0-2. Бојан Спиркоски и Јованчо Трајковски беа стрелци на головите за гостите.
Детонит Плачковица го победи Кожуф со 2-0. Аљбан Мемеди во 29. минута и Вилдан Керим во 49. минута беа стрелци за домашниот тим.
Скопје ја изненади Беласица во Струмица славејќи со 0-1. Домаќините во 80.минута си постигнаа автогол, несреќен беше Давид Стојков.
Охрид го пречека Тетекс и победи со 2-0. Емил Скоко и Оливер Дишлиевски беа стрелци за охриѓани на овој дуел.
Новаци го победи Вардар Неготино со 3-2, Каменица Саса и Караорман ремизираа 2-2, а Осогово и Арсими одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













