
Беса успеа да слави во дербито со Пелистер со 1-2 се зацврсти на лидерската позиција на табелата во Втората фудбалска лига. Херој на гостите е Фитор Адеми кој ги постигна двата гола за гостите, а Симеон Христов го постигна погодокот за домашниот тим.
Детонит Плачковица го победи Новаци со 3-0. Стрелци беа Давид Бошески, Амир Фејзуловски и автоголот на Владимир Недановски.
Кожуф се спаси од пораз со Беласица (1-1). Гостите поведоа преку Стефан Сулев, а израмни Кирил Стојков.
Саса и Охрид ремизираа 1-1, а Караорман славеше против Осогово со 2-0 со головите на Клечкароски и на Хајредини.
Скопје го победи Башкими со 3-1, со головите на Ѓорѓиевски, Кировски и на Најдоски.
Вардар Неготино ја доби Победа со 3-2, а Арсими со 2-1 беше подобар од Тетекс. Асани и Цуцули погодија за Арсими, а Чурлинов го намали поразот на „текстилците“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
