
Беса ја победи Беласица со 2-0 на домашен терен и потврдува дека ќе биде еден од главните фаворити за пласман во елитата, заедно со Пелистер. Есати со удар глава во седмата минута донесе водство, а на почетокот на вториот дел Беса постигна втор гол преку Емини и го реши победникот.
Пелистер со убедливи 4-0 славеше против Новаци на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Резултатот по шест минути игра го отвори Бојан Спиркоски, а Талевски беше стрелец на вториот гол. Во завршницата, Пелистер постигна уште два гола преку Грозданоски и Здравевски.
Арсими исто така беше убедлив против Саса и победи со 4-0, а Тетекс со пресврт го совлада Осогово со 2-1.
Башкими на домашен терен ја совлада Победа со 2-1. Кожуф оствари гостински триумд од 1-2 против Вардар Неготино.
Езерското дерби меѓу Охрид и Караорман ќе се игра на 30.август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal