
Лидерот Беса славеше на гостувањето кај ГФК Охрид со 1-3 и се зацврсти на врвот на табелата во Втората лига. Стрелци за гостите на овој меч беа Александер Борха Кордоба, Џемаил Есати и Љавдрим Скендери. За домаќинот погоди Хусеин Демири.
Пелистер исто така забележа важна победа на гости против Тетекс со 0-1. На овој натпревар јубилеј славеа „Војводите“, но Стефан Костов уште во четвртата минута обезбди предност за „пелистерци“ која остана до крајот.
Победа го совлада Скопје со 1-0, со голот на Филип Димоски во 37. минута од натпреварот.
Беласица славеше против Караорман со 2-1. За домашниот тим стрелци беа Александар Милушев и Христијан Бејков, додека единствен стрелец за стружани беше Мурат Адили.
Детонит Плачковица ја победи Саса во Македонска Каменица со 1-3. За радовишани реализираа Стефан Бабунски, Сухејб Рушити и Вилдан Керим, додека Саса даде почесен гол благодарение на автоголот на Иљаз Чиљафи.
Арсими беше успешен на гостувањето кај Башкими во Куманово и победи со 1-2, со головите на Бесарт Реџепи и Џезаир Авдули.
Новаци на домашен терен го победи Кожуф со 1-0 со голот на Благој Стојчев во 63. минута.
Осогово и Вардар Неготино ремизираа 2-2. Тоше Манов беше двоен стрелец за Осогово, додека Дарко Алексовски и Ники Зумровски погодија за Вардар Неготино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
