
Лидерот Македонија ЃП го задржа врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига, откако одигра 0-0 на дербито во Гостивар против Арсими. Башкими, пак, со гол во финишот стигна до победа од 3-2 над Детонит Плачковица и останува во трка за промоција, а сѐ ќе се решава во последното коло од шампионатот.
Дополнителна тежина ќе има и исходот од одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во врска со нерегистрираниот и спорен натпревар меѓу Кожуф и Башкими (1-2), кој е под сомнение за нерегуларности.
Брегалница не направи нов кикс, откако во последните мигови победи со 0-1 на гостувањето кај ГФК Охрид со голот на Иванов. Беласица го совлада Борец дома со минимални 1-0, додека Новаци убедливо го победи Скопје со 4-0.
Вардар Неготино беше сигурен против веќе испаднатиот Вардарски (3-0), Кожуф триумфираше против Победа со 2-1, а во дербито на Истокот, Каменица Саса славеше против Осогово со 1-0.
Во последното коло играат Вардар Неготино – Арсими, Брегалница – Башкими и Македонија ЃП – Беласица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
