
Клубот Воска Спорт излезе со официјално соопштение по скандалот на натпреварот против Вардар, кој беше прекинат поради нивно напуштање на теренот. И покрај обидите од страна на гостинскиот тим и судиската тројка да се продолжи средбата, Воска Спорт одби да се врати на теренот, што најверојатно ќе резултира со службен пораз за охридскиот тим.
Инцидентот се случи во 76. минута, кога домашната екипа реши да го прекине натпреварот и да го напушти теренот. Судиската тројка и играчите на Вардар останаа и го чекаа евентуалното продолжување, но по петнаесет минути, капитенот и претставникот на Воска Спорт официјално соопштија дека нема да го доиграат мечот.
Оваа одлука е евидентирана во службениот записник од страна на делегатот Славчо Ѓорѓијоски од Прилеп, кој подготви и соодветен извештај по натпреварот.
Воска Спорт излезе со соопштение…
„Воска Спорт го изразува својот револт, информирајќи ја Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за спорните судиски одлуки на последниот натпревар меѓу нашата екипа и Вардар.
Од првата минута од натпреварот нашите играчи не беа рамноправни на теренот со противниците поради низата неправедни судиски одлуки кои значително се одразија на текот на играта и исходот на натпреварот.
Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, што доведе не само до нефер игра, туку и до серија неосновани опомени и казни кон нашите играчи.
За жал, поради овие сериозни неправди, во 76. минута нашиот тим беше принуден да се повлече од игра. Сметаме дека ова беше единствената можна одлука да ги заштитиме правата на нашите играчи и да спречиме понатамошно нарушување на спортскиот интегритет.
Во оваа насока бараме од ФФМ да ги разгледа спорните одлуки на судиите и да преземе мерки за спречување на вакви ситуации во иднина. Се надеваме дека ќе се спроведе детална истрага за судиските одлуки и ќе се обезбеди фер и рамноправна игра за сите екипи. Очекувајќи го вашиот одговор и дополнителни инструкции, ви благодариме за разбирањето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
