
Фудбалскиот прволигаш Воска Спорт ја доби казната поради скандалот на натпреварот од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига против Вардар. Клубот ќе биде санкциониран со одземање на 9 бода од тековната сезона, како и парична казна од 2.500 евра, поради напуштање на натпреварот.
Дополнително, поради лошата организација на истиот натпревар, Воска Спорт ќе мора да плати и казна од 5.000 евра.
Најстрого е казнет претседателот на клубот, Нефи Усеини, кој доби двегодишна забрана за вршење функција и казна од 1.500 евра поради повикување на екипата да се повлече од теренот.
И тренерот Арбри Клодиан доби двегодишна суспензија, додека капитенот Агон Хани ќе мора да одмори од натпревари еден месец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
