Охрид утре ќе биде мегдан на градската второлигашка пресметка меѓу Воска и Охрид. Домаќинот на мечот, Воска, побарала навивачката група „Рибари“, поддржувачи на Охрид, да не присуствува на натпреварот.
Како што соопшти навивачката група, на ден пред градското дерби биле информирани дека на барање на домаќинот средбата е прогласена за натпревар од висок ризик и донесена е забрана за присуство на гостински навивачи.
„Крајно сме разочарани и гневни од односот на Ф.К Воска! На еден ден пред натпреварот против ФК Охрид на кој тие се водат како формален домаќин добивме забрана за влез на натпреварот! Во нашиот град, на нашиот стадион, ние добиваме забрана! Сакаме да им порачаме дека нема сила која ќе не спречи да го бодриме нашиот клуб! Рибари се симбол на спортот во градот Охрид!“, се вели во реакцијата од навивачката група.
Натпреварот Воска – Охрид ќе се одигра утре со почеток во 14 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













