Connect with us

„Волчицата“ пресилна за Монца (ВИДЕО)

Рома ја забележа 14. победа во Серија А, трета во низа, откако на гости ја совлада Монца со 1-4. Лоренцо Пелегрини го отвори резултатот во 38.минута на асистенција на Лукаку, а четири минути подоцна Белгиецот постигна погодок за 0-2.

Третиот гол беше ремек-дело од слободен удар на Пауло Дибала во 63.минута, а потоа Леандро Паредес реализираше пенал за 0-4.

Почесниот погодок за Монца го постигна Андреа Карбони во 87.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови