
Десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер, се очекува да биде подготвен за важниот дерби натпревар против Арсенал во трката за првото место во Премиер – лигата. Дефанзивецот заработи повреда на саботниот дуел со Бразил и беше заменет по само 20 минути игра пред да биде ослободен од таборот на репрезентацијата на Англија.
Според „Скај Спортс“, сепак, неговата повреда не е сериозна и најверојатно ќе биде на располагање за неделната пресметка на стадионот „Итихад“.
Разликата меѓу Арсенал, кој моментално е лидер во Премиер – лигата и Манчестер Сити, кој е на третата позиција, е само еден бод. Меѓу овие два тима е и Ливерпул.
„Топчиите“ немаат победа на стадионот на Манчестер Сити од 2015 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
