
„Војната“ за превласт во Вардар продолжува. Клубот и понатаму формално правно е во сопственост на спонзорот Сергеј Самсоненко, кој поседува мнозински пакет акции според договорот со Град Скопје, а под управа на раководството што тој го постави, претседателот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев, кои пред извесен период поднесоа оставки кои се уште не се ефектуирани.
Од друга страна, во Вардар пристигнаа нов шеф на стручниот штаб Никола Илиевски Џиџи и асистентот Бобан Грнчаров, кои почнаа да работат со тимот составен од младинци и неколку искусни фудбалери. „Војната“ се води за тренинг – центарот и објектот на Академијата во Градскиот парк, кои всушност не се сопственост на ФК Вардар. Тимот двапати досега не добил можност да тренира на објектите, па за да се избегнат ваквите превирања, донесена е соломонска одлука Вардар да замине на неколкудневни подготовки во Охрид, а во пресрет излегле охридски хотели чиј менаџер во официјална изјава за локален медиум вели дека сакаат да му помогнат на клубот во тешките времиња.
Паралено, се води друга „војна“ и кој да ја преземе работата со младинската академија на Вардар. И тука разни струи сакаат да го преземат раководењето со школата.
Вардар долг период чекаше простување на камата од долгот кон АДССДП за да биде „одмрзната“ сметката, а одамна истече рокот од ветувањето што го даде спонзорот Сергеј Самсоненко (до 31 јануари) дека ќе подмири 2,4 милиони евра што им ги должи на фудбалерите, стручниот штаб и други субјекти.
Токму поради овој долг, Град Скопје не сака да го активира членот од договорот според кој може да го врати клубот во стопроцентно владение, затоа што ќе останат наталожените долгови со кои ќе треба да се справува градоначалникот Петре Шилегов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Евро-фудбал
Нов проблем за Барса, се повреди и Феран Торес

Втора лига
Панче Стојанов е нов тренер на Беласица

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
