
Словачка и Романија ќе бидат задоволни со нерешен резултат во последното коло од групната фаза на Европското првенство. Обложувалниците почнаа драстично да ги намалуваат коефициентите за нерешен резултат, што би ги однело двете репрезентации во нокаут фазата.
Свесни се тоа и во Романија, а нивниот поранешен репрезентативец Данут Лупу (57) јавно порача:
„Ќе се квалификуваме понатаму со нерешен резултат против Словачка. Сè е договорено, би било штета да не одиме понатаму и ние и тие. Зошто да ризикуваме? На тоа ниво, играчите одлично се разбираат. Зошто да ризикуваме? Зошто да дозволиме несреќа?“, изјави тој за романските медиуми.
Во вториот натпревар, Белгија е фаворит против Украина, но и на неа ѝ е доволен бод за да помине понатаму. Украина е единствената што мора да игра на победа поради најлошата гол-разлика.
Лупу главно играше во Романија во текот на својата кариера, а во 1990/91 година играше за Панатинаикос. Кариерата ја заврши во 2001 година, а за Романија играше од 1989 до 1998 година, одигрувајќи 14 натпревари. Беше дел од селекцијата која учествуваше на Светското првенство во 1990 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
