
Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Грузија и Гиибралтар кој ќе се одиграат на 9. и 12. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на групата од УЕФА Лига на нации.
Влезниците се продаваат по цена од 250. денари за северната трибина, 250. денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.
Навивачите на нашата најдобра репрезентација можат да купат билет за натпреварите против Грузија и Гибралтар преку продажната мрежа на MKTickets и on-line на линкот во продолжение:
Македонија – Грузија:
Македонија – Гибралтар:
Билетарата на источната трибина на Националаната арена ќе биде отворена за купување на билети на денот на натпреварите од 10:00 часот.
„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да им бидат поддршка на „рисовите“ за важните натпревари против Грузија и Гибралтар од Лига на нации“, велат од ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
