На „Етихад“ сè повеќе стануваат свесни дека Пеп Гвардиола на крајот од сезоната може да ја напушти клупата на Манчестер Сити, и веќе го нашле човекот кој го сметаат за идеална замена, со што се согласни и навивачите на англискиот шампион.
Гвардиола има договор со Манчестер Сити до крајот на оваа сезона, а неодамна потврди дека сè уште не донел официјална одлука дали ќе остане или ќе замине, но засега изгледа дека е поблиску до заминување од „Етихад“.
Манчестер Сити уште пред неколку месеци му понуди на Гвардиола продолжување на договорот, а неодамна му поставија и ултиматум, очекувајќи дека шпанскиот стратег ќе се произнесе по ова прашање до крајот на годината.
Челниците на англискиот шампион сакаат да имаат доволно време за да пронајдат нов тренер доколку Гвардиола одлучи да замине, а се чини дека веќе имаат јасна идеја кој би бил првата цел на Манчестер Сити.
Се појавија шпекулации дека „граѓаните“ се исклучително заинтересирани за Чаби Алонсо и дека го гледаат тренерот на Баер Леверкузен како совршена замена за Гвардиола.
Алонсо импресионираше на клупата на Баер Леверкузен, со кого минатата сезона успеа да ја освои титулата во Германија за првпат во историјата на клубот, и привлече внимание од неколку европски гиганти.
Секако, најмногу се поврзува со Реал Мадрид и Баерн Минхен, но во трката сериозно се вклучи и Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













