
Макфудбал во Разград,
Лига нации, нов почеток, прв меч. Фудбалската репрезентација на Македонија гостува во Разград, а ривал е Бугарија. Навидум обичен фудбалски меч, но ако се земат в предвид сите околности, многу повеќе од тоа.
Несогласувањата на политички план, ставањето „вето“ за европските аспирации на Македонија, секако дека влијаат на односите меѓу двете земји. А во фудбалот нема вето, па сега Бугарија ќе мора да излезе и да игра против избраниците на Благоја Милевски.
Македонскиот селектор се обиде потполно да го изолира фудбалот од останатите случувања, но нејасно е дали тоа ќе му успее.

„Ние сме спортски работници и јас на овој натпревар гледам единствено од фудбалски агол. Фаворитите се покажуваат на теренот, а ние сме мотивирани, како и на секој натпревар на кој ги претставуваме грбот и знамето на Македонија“, изјави Милевски, кој истакна и дека селекцијата е подготвена за новите искушенија.

Ќе ги немаме на овој меч капитенот Стефан Ристовски и искусниот играч од средниот ред Аријан Адеми. Со капитенската лента ќе не предводи Енис Барди, а тој имаше убава најава.
„Последниот пат кога бев капитен, дадов три гола. Секој натпревар што го играме во дресот на Македонија сме максимално мотивирани да го победиме. Нема разлика и овојпат, без разлика на противникот. Почнуваме нов циклус во Лигата на нации и посакуваме на крајот да бидеме први. Овој меч е исклучително важен, впрочем како и сите други, и ќе сториме сѐ за да победиме“, изјави Барди.

Селекторот Милевски ќе ги испрати на теренот најдобрите што ги има во овој момент. На голот ќе биде Столе Димитриевски, а во одбраната ќе делуваат Ашковски, Велковски, Муслиу и Алиоски. Во средниот ред Стефан Спировски треба да донесе искуство крај Барди и Елмас, а на крилните позиции ќе бидат Дарко Чурлинов и Александар Трајковски. Улогата на централен напаѓач ќе ја има Милан Ристовски.
Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија е закажан за 18 часот, на „Лудогорец Арена“ во Разград. Се очекуваат полни трибини, а на нив и околу илјада македонски фанови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
