Connect with us

ВО ФОКУСОТ: Мартин Ѓоргиевски – нов суперталент од ергелата на Васоски

Академија Пандев оствари важна победа над Тиквеш (3-2) и го држи чекорот со лидерот Шкупи во битката за врвот, но истовремено тренерот Александар Васоски им дава шанса и на млади фудбалери да го искусат прволигашкиот предизвик. Во фокусот е младиот и суперталентиран Мартин Ѓоргиевски кој беше стартер и одигра одличен меч против Тиквеш.


Тој е репрезентативец на Македонија до 17 години, а за неговиот талент веќе добро се информирани и голем дел од европските клубови. На покана од Спортинг Лисабон беше неколку дена во нивниот камп, а за него сериозен интерес покажува и Андерлехт. Тука е и Динамо Загреб, хрватскиот првак кој секогаш сака да ги има најдобрите таленти од југословенските простори во својот клуб.

Академија Пандев се пофали со својот нов талент кој доби шанса да биде првотимец.

„16-годишниот Мартин Ѓоргиевски на вчерашниот натпревар против Тиквеш беше во стартниот состав на Академија Пандев и одигра 77 минути. Фудбалерот роден 2005 година имаше одличен натпревар и ја оправда довербата на тренерот Александар Васоски. Промоцијата на деца од академијата е наш приоритет и во иднина уште многу млади таленти ќе добијат шанса во сениорскиот тим за да го покажат својот потенцијал“, велат од струмичкиот прволигаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови