
Ерик Даер дојде како позајмен играч во Баерн Минхен оваа зима од редовите на Тотенхем. На германскиот шампион му беше потребен дефанзивец кој е добар во контролата на топката и играч кој би ги проширил одбранбените опции на Томас Тухел.
Даер досега забележа пет настапи во Бундес-лигата и одигра 319 минути, но тој, сепак, не ги задоволил стандардите на германскиот шампион.
Имено, Баерн преку различни тестови утврди дека Даер нема доволно брзина за настап во Бундес-лигата. На лето Англичанецот ќе биде слободен агент бидејќи му истекува и договорот со Тотенхем, но сигурно нема да остане на „Алијанц арена“.
Даер падна на физичките тестови на тренингот на Баерн и „Билд“ пишува дека нема да добива премногу можности до крајот на сезоната, освен во случај на непланирани отсуства на Дајот Упамекано, Матијс де Лихт и Ким Мин-Јае.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
