
Работнички утре (17 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде домаќин на Македонија ЃП во третото коло од Првата фудбалска лига. По поразот во Кратово, избраниците на Милан Илиевски сакаат да се вратат на победничкиот колосек. Тоа го потенцира и напаѓачот Влатко Стојановски.
„Работнички сака да се врати на победнички колосек. Почнавме одлично, со победа над Шкупи, а потоа имавме лош ден и загубивме од Силекс во Кратово. Сега се надеваме дека повторно ќе им се вратиме на победите. Имаме максимален респект за составот на Македонија ЃП, тие се квалитетен тим, но ние веруваме во нашите квалитети. Ако одиграме како на дуелот против Шкупи на стартот, верувам дека ќе ги освоиме трите бода“, вели напаѓачот Влатко Стојановски.
Главен судија на утрешниот натпревар ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal