Македонскиот прволигаш Шкендија го претстави третото летно засилување, напаѓачот Влатко Стојановски. Поранешниот репрезентативец доаѓа од хрватскиот клуб Горица, а по три сезони повторно ќе игра во македонскиот шампионат.
„Мислам дека ова е вистински момент во мојата кариера, да дојдам во клуб како Шкендија кој секогаш се натпреварува за трофеи и има одлично искуство и во европските натпреварувања. Во Шкендија ќе имам неколку соиграчи кои ги познавам од порано, верувам дека се создава одличен тим кој ќе освојува трофеи“, изјави Влатко Стојановски по потпишувањето на договорот.
Напаѓачот е трето засилување за Шкендија. Претходно во Тетово пристигнаа голманот Давор Талески и десниот бек Башким Велија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













