
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, ги потврди информациите дека веќе се водат преговори за неговиот нов договор со клубот. Српскиот интернационалец изјави дека се чувствува среќен кај „бјанконерите“ и не размислува за заминување.
Минатото лето тој беше поврзуван со трансфер за заминување од Торино, но тоа не се оствари.
„Имам договор за уште 2,5 години и не брзам никаде. Но, мојот агент и Кристијанo Џунтоли веќе зборуваат за обновување. Многу сум среќен овде“, изјави Влаховиќ во интервју за „Газета дело спорт“.
„Немав намера да заминам минатото лето, секогаш бев свесен дека сакам да останам во Јуве. Само успеав да се изолирам од сѐ околу мене и мило ми е што не си заминав“, додаде напаѓачот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито
