Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната. Тој одби да го продолжи договорот. По три години во редовите на „старата дама“, ќе го напушти клубот, пишува „Газета дело Спорт“.
Влаховиќ е најблиску до преселба во Премиер – лигата, каде за него има сериозен интерес од Арсенал и од Челси. Тој доби понуда и од Ал-Наср за да замине во Саудиска Арабија, но експресно ја одби. Имаше шпекулации дека би можел да заврши и во Милан, но најреално е да замине во Англија.
Јувентус го доведе од Фиорентина за 83 милиони евра, што предизвика гнев кај навивачите на Фиорентина. За Јувентус досега постигна 53 гола на 127 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













